Арсенал губи со вкупни 10-2 а Санчез се смее на клупата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чилеанецот е во
центарот на вниманието откако беше седнат на клупата за резерви за дуелот со
Ливерпул.

Се шпекулираше
дека Арсен Венгер се решил на еден ваков чекор откако играчот предвреме
напуштил еден тренинг и потоа имал жестока расправија во соблекувалната.

Исто така се
говори дека Алексис Санчез нема намера да го продолжи договорот, летоска ќе замине од
Емирати па неговите денови во Арсенал се одбројани.

Тој вечерва
одново е топ тема откако камерите го уловија како на клупата се шегува во
моменти кога „Топчиите“ беа посрамотени пред своите фанови во дуелот со Баерн
Минхен и со севкупи 10-2 се збогуваа од Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани