Арсенал остана во
трката за потписот на фудбалерот од средниот ред на Севиља, како и француски
репрезентативец, Стивен Н’Зонзи,
„АС“ пишува дека тимот од Лондон нема дилеми во квалитетите на фудбалерот за кого има пријавено интерес уште од поодамна од времето на Венгер.
Н’Зонзи моментално е дел од селекцијата на
Триколорите која тргна со победа над Австралија, но не доби прилика за настап
на тој меч.
Унаи Емери од
неодамна го презеде кормилото на клупата на Арсенал, а тој имаше соработувано
со фудбалерот во Севиља, која, според информациите не сака ниту да слушне за
понуда под откупната клаузула на фудбалерот која изнесува 35 милиони фунти.
Ќе додадеме дека
Севиља во Маркос Љоренте, фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид ја најде
замената за Н’Зонзи, доколку
се остварат најавите за негов трансфер ова лето.