Навивачите на Арсенал денеска се бесни на раководството на клубот откако дознаа дека човекот кој е маскотата „Ганерсаурус“ добил отказ.
Се работи за Џери Кви кој од 1993 година работи како маскота на тимот и беше исклучително лојален на Арсенал.
Англиските медиуми пишуваат дека тој ја пропуштил и свадбата на брат му за да биде присутен на натпревар на Арсенал.
Џери остана без работа додека Месут Озил добива неделна плата од 350.000 фунти а од неговиот незаинтересиран однос не може ниту да влезе во тимот на Арсенал.
Клубот отпушти дури 55 работници за намалување на трошоците во време кога потпиша договор со Обамејанг за плата 250.000 фунти неделно, и со Вилијан за плата од 220.000 фунти неделно.
И кога немаше натпревари Ганеросаурусот беше активен на социјалните мрежи, преку својот инстаграм профил постираше како работи од дома, имаше конференции на Зум со другите маскоти на тимови.
Ова e неговиот официјален инстаграм профил: https://www.instagram.com/officialgunnersaurus/?hl=en