Микел Артета не доби засилување за нападот во зимскиот преоден рок, но се шпекулира дека Арсенал практично го има договорено Нико Вилијамс, трансфер кој ќе се реализира по крајот на сезната.
Микел Артета побара нов напаѓач по повредите на Габриел Жесус и Букајо Сака, Арсенал се поврзуваше со неколку имиња, но на крајот не се реализираше ниту една зделка.
Но уште сега се пишува дека „топчиите“ практично договориле големо засилување за летоска.
Клубот од Северен Лондон со 60+ милиони евра ќе ја активираат откупната клаузула на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Одржани се неколку состаноци со агентите на Шпанецот, и покрај големата плата, на Нико Вилијамс му било ветено дека ќе има важна улога на Емирати, и двете страни начелно си подале рака.