Арне Слот веднаш наоѓа нова работа, добил шокантна понуда од Премиерлигаш?!

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од „островото“ објавија дека Арне Слот е еден од кандидатите за нов тренер на Фулам, но се верува дека стратегот ќе ја одбие понудата и ќе ја чека можноста да стане селектор на Холандија.

Арне Слот во својата прва сезона на Енфилд ја донесе титулата во Премиерлигата, но резултатите во втората беа далеку под очекувањата, особено откако беа потрошени рекордни 450 милиони фунти на засилувања, па Ливерпул му врачи отказ.

Оваа недела се појавија информации дека стратегот веднаш би можел да најде работа и тоа во Премиерлигата, тој се посочуваше како еден од кандидатите на Фулам за нов тренер.

Но како што пренесува Тајмс, Арне Слот ќе го одбие предлогот, нема намера да брза со изборот на нова работа и ќе ја почека вистинската понуда.

Тој се посочува како една од опциите за нов селектор на Холандија по Светското првенство, и очигледно клупата на „лалињата“ е далеку попримамлива од таа на Фулам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×