Фудбалерот на
Вест Хем играше шест месеци крај
Горан Пандев во Интер, двајцата беа дел од историската сезона и тројната титула
на „нероаѕурите“.
„Се познаваме
добро, задоволство ми е што повторно ќе го видам. Има одлична кариера зад себе
и е клучен играч на Македонија. Мораме добро да внимаваме на него, секогаш има ас
во ракавот“ – вели Марко Арнаутовиќ.
Австрија ги
отвори квалификациите за Европското првенство со два порази, од Полска и
Израел, но во петокот се радуваше на три бода и победа против Словенија.
„Очекувам да
одиграме со иста мотивација и ентузијазам како против Словенија. Знаеме да
играме убав фудбал, и се надвам дека тоа ќе го покажеме и сега. Сепак, најважно
од сè ми е да ја победиме Македонија“.