63
Килијан Мбапе е под договор со ПСЖ до 2022 година и преговорите подолго време тапкаат во место. Медиумите често шпекулираат кои се причините за ова, се говори дека е високата плата која ја бара напаѓачот, но Французинот секогаш велел дека многу му е поважен проектот.
Новинарот Жозеп Педрорел сега пренесе дека луѓето кои се грижат за кариерата на Килијан Мбапе стравуваат од креирање на аргентински клан во Париз.
„Светците“ сакаат да ги донесат Лео Меси и Кун Агуеро, двајца офанзивни фудбалери кои ги одработуваат последните месеци од договорите и можат да пристигнат беспари.
При едно вакво сценарио Килијан Мбапе не се гледа себеси во Париз и ова може само да ја забрза преселбата во Реал Мадрид.