Еден од најинтересните дуели во Лига А денеска беше дуелот меѓу Англија и Белгија кој заврши со победа на домаќините од 2-1.
Белгија поведе уште во 16. минута со гол на Лукаку од пенал, но на пет минути пред крајот на првиот дел на ист начин изедначи Рашфорд.
Во 65. минута Маунт со помош на еден од одбрамбените играчи на Белгија постигна гол кој значеше три бода за англиската репрезентација.
Хрватска со 2-1 ја победи Шведска. Власиќ во 32. минута погоди за водство од 1-1, во 66. гостите изедначија со погодок на Берг. Нововлезениот Крмариќ во 84. минута го постигна победничкиот гол за Хрватите.
Босна и Херцеговина одигра 0-0 против Холандија.
Во Лига Б, Норвешка со убедливи 4-0 ја совлада Романија, Финска со 2-0 беше подобра од Бугарија, а Република Ирска и Велс одиграа без голови.
Во Лига Ц, во дуелот од нашата група Ерменија и Грузија одиграа нерешено 2-2, со ист резултат заврши и мечот меѓу Литванија и Белорусија, а немаше погодоци на дуелот меѓу Казахстан и Албанија.