Ангеловски: Се уште имаме шанси, ништо не е загубено

by
1 минути читање

Македонија имаше два разочарувачки резултати во Скопје против Полска и Австрија. Ако во дуелот со Полјаците бевме незаслужено поразени, Австријците не надиграа и сосема заслужено си заминаа со трите бода.

„Не се загубени квалификациите бидејќи разликата е само три бода од второто место, тоа е еден натпревар. Загубивме од фаворитите, но ќе се обидеме тоа да ги наместиме на следните натпревари. Верувам дека ова е најдобрата репрезентација на Македонија досега“, изјави Ангеловски на прес конференцијата по мечот.

„Австрија не наттрча, до пеналот париравме, но потоа физички потфрливме. Пред натпреварот кажав дека ако сакаме да се носиме со нив, мора да бидеме добро физички спремни и да внимаваме на нивните брзи напади. Но тоа не се случи“.

„Ова не е враќање во реалноста, сите знаеме каде беше Македонија во изминатите години, да, изгубивме од две поквалитетни репрезентации, поразот од Полска можеби беше незаслужен, но овој да. Ќе се обидеме да го надополниме тоа на наредните натпревари“.

„Натпреварот го почнавме во 4-4-2, формацијата ја сменивме во второто полувреме. Секогаш тренерот е тој кој ја сноси одговорноста. Ние не ги искористивме нашите шанси, на Пандев и Несторовски, противникот создаде повеќе шанси и заслужено победи“. 

„Поразот носи разочараност, но не гледам причина зошто би се нарушила атмосферата. Што се однесува до шансите, не се загубени, на само три бода сме од второто место, плус имаме бараж во Лигата на нации, ќе се бориме до крај за да ја оствариме таа цел“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани