Анчелоти и Реал Мадрид си подале рака, познат првиот можен датум за разделба

by bojan
1 минути читање
Анчелоти

Карло Анчелоти и Реал Мадрид ги договориле условите под кои ќе ја прекинат соработката, официјално соопштение може да пристигне веќе по пресметката против Барселона на 11. мај.

Минатата недела беше прилично турбулентна за Карло Анчелоти и неговата иднина, стратегот беше пред потпис со репрезентацијата на Бразил, па преговорите пропаднаа во 5 до 12 за подоцна двете страни повторно да седнат на маса и да најдат заеднички јазик.

Последните информации велат дека Италијанецот си подал рака и со Реал Мадрид за условите под кои ќе се разделат.

Сега останува да пристигне само официјалното соопштение, кое може да биде испратено веќе по пресметката против Барселона на 11. мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани