Анчелоти има право да се лути, Наполи објави каква е состојбата во соблекувалните на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По соопштението
во јавноста кое беше објавено во текот на вчерашниот ден, во кое шефот на
стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти видно револтирано реагираше на
состојбата во која се наоѓаат соблекувалните на „Сан Паоло“, клубот сега излезе
и со видео за целокупната слика.

Снимката потврди
дека соблекувалните кои се во фаза на реконструкција се далеку од готови, а
сево ова доаѓа во пресрет на саботната пресметка со Сампдорија во Серија А,
како и дуелот против Ливерпул идниот вторник во Лигата на шампионите, и двата
меча на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×