Аморим се сретна со газдата на Милан и стави четворица фудбалери на продажба

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Рубен Аморим денеска имал среда со сопственикот Гери Кардинале на која тренерот прешкртал четири имиња од новиот проект.

По еден месец работа со тимот, и на десет дена пред стартот на новата сезона, Рубен Аморим реши како ќе изгледа чистката на „Сан Сиро“.

Тренерот на Милан денеска се сретна со сопственикот Гери Кардинале на дискусии за настапот трансфер пазарот, односно за потенцијалните засилувања, но и фудбалерите кои би можеле да го напуштат клубот.

Рубен Аморим најави дека ова ќе биде недела на одлуки, и си го одржа зборот, на листата за „отстрел“ се нашле Фикајо Томори, Давид Одогу, Јусуф Фофана и Кристофер Нкунку.

Но на продажба сигурно ќе се најдат уште неколку други имиња, се шпекулира со Первис Еступињан, Филипo Терачано и Сантијаго Хименез.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×