Аморим: Ако сакаат фановите и бордот да заминам, ќе заминам и тоа без обештетување!

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа пораз во финалето од Лига Европа и ја комплетираше очајната сезона по која е неизвесна и иднината на Рубен Аморим.

Манчестер Јунајтед не успеа да си ја спаси сезоната преку Лига Европа, тие не освоија ништо, а во Премиер лигата се веднаш по екипите кои испаѓаат.

Тоа значи дека нема да играат во ниту едно натпреварување во Европа идната сезона.

Нејасна е каква ќе биде одлуката на раководството на Јунајтед за Аморим, но тој сам нема намера да си замине.

„Ако бордот и фановите чувствуваат дека не сум вистинскиот, ќе си заминам следниот ден без никаков муабет за некаква отштета“, вели Аморим.

„Но, сам нема да поднесам оставка. Верувам во себе и сметам дека можам да го водам тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани