206
„Каталонците“
утре го пречекуваат ПСЖ и за продолжување на настапот во најелитното европско
натпреварување треба да направат нешто што никој до сега не успеал да го стори.
„Светците“ на
првиот натпревар славеа со 4-0, резултат од кој ниту еден тим се нема вратено.
Според пишувањата
на медиумите од Шпанија, во соблекувалната на Барса владеа оптимизам и тие
веруваат во голем кам-бек.
Сите ветуваат
дека ќе го дадат максимумот, а некој дури и се обложиле.
Весниците го
издвојуваат Нејмар, велат дека Бразилецот со своите соиграчи се обложил дека на
ПСЖ ќе му даде најмалку два гола.