Aматерите од Нов Зеланд со сензационалното реми против Бока ја освоија најголемата награда во клупската историја

by Стефан
1 минути читање

Во светот на модерниот фудбал, каде владеат милијарди, луксуз и спонзорски договори, одвреме-навреме ќе се појави приказна што нè потсетува на вистинската суштина на спортот, страста, трудот и сонот. Токму таква приказна доаѓа од Светското клупско првенство 2025 година во САД, каде аматерскиот тим од Нов Зеланд, Оукланд Сити, приреди вистинска сензација и одигра 1-1 против аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

Ова реми на полуаматерскиот клуб кој во својот тим има фудбалери кои работат нешто друго и фудбалот не им е основен приход за живот им донесе неверојатни 930.000 долари.

За најголем дел од професионалните тимови оваа бројка можеби и не изгледа импресивно, но за играчи кои неделно заработуваат по само 84 евра, станува збор за цело богатство. Резервниот голман Себастијан Сиганда, кој во секојдневието работи како чистач на базени, откри дека морал да бара слободни денови за да може да патува и игра на првенството.

„Морав да побарам слободно. Ако не ми дозволеа, ќе дадев отказ. Не сум платен за времето поминато во Америка“, изјави Сиганда, кој за многумина стана симбол на скромноста и љубовта кон фудбалот.

Слична е приказната и на стрелецот на голот против Бока Јуниорс, Кристијан Греј кој работи како наставник во основно училиште и морал да бара слободни денови за да настапи на турнирот во САД.

Фото: Auckland City Football Club/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×