Амансио доби отказ веднаш, Бошков по 11 дена, до кога Перез ќе го толелира Лопетеги?

by
1 минути читање

„Кралевите“ добро ја започнаа новата ера без Кристијано Роналдо во тимот и Зинедин Зидан на кормилото. Хулен Лопетеги промовираше еден нов стил со голем посед на топка и покрај убавата игра, Реал бележеше и резултати.

Но потоа шампионот на Европа западна во криза, на четири меча во низа нема постигнато гол. Веќе шест часа и 49 минути Реал ја нема затресено противничката мрежа (против Севиља, Атлетико, ЦСКА Москва и Алавес, како и едно полувреме против Еспањол).

Хулен Лопетеги е само третиот терен кој има ваква црна низа. Во 1982, Вујадин Бошков доби отказ 11 дена по серијата од четири порази. Во 1985 година, Амансио веднаш доби „клоца“.

Па сега прашање е на време колку Флорентино Перез ќе го толерира Хулен Лопетеги. Според пишувањата на медиумите, стратегот добил ултиматум и во следните три меча треба да го врати клубот на победнички патеки. Тоа се средбите со Леванте и Викторија Плзењ дома а последен тест и дербито со Барселона на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани