9
Чаби Алонсо во следната сезона би можел да води англиски тим, а има две опции, Челси и Ливерпул.
Иако е поранешен играч на Ливерпул, опцијата за тренер на Челси е пореална.
Сините бараат тренер за следната сезона, а Алонсо високо котира на листата. Втор кандидат за клупата на Челси е Андони Ираола.
Втората опција за Алонсо е Ливерпул, но затоа да се случи клубот треба да му врачи отказ на Слот.
Можеби интересот на Челси за Алонсо ќе направи притисок кон Ливерпул за отказ на Слот и назначување на Шпанецот.
Како и да е, Алонсо е на пат кон Премиер лигата, парашање е само кој клуб ќе го води.