Алонсо искрено: Можев да играм за Барса, но Гвардиола го одбра Бускетс и не погреши

by
1 минути читање

Алонсо ја игра последната сезона во својата фудбалска кариера, поранешниот играч на Реал Мадрид открива дека по Ливерпул можел да заврши во Барселона, но тоа не се случило.

Гвардиола со кој Алонсо соработуваше во Баерн Минхен, решил да го форсира Бускетс и не погрешил.

„Тоа се случи пред да потпишам за Реал Мадридл. Ливерпул му кажа дека ќе ме продадат, Бенитез (тогаш тренер на Ливерпул) ми го кажа истото, и Пеп покажал интерес за мојата ситуација“ – вели Алонсо.

„Тој му кажал на Рафа дека сака да потпише со мене, дека играч како мене ќе се вклопи во неговиот модел. Но имаше сомнеж поради Бускетс кој тогаш стануваше фантастичен играч“.

„Гвардиола го одбра Бускетс и не погреши“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани