По мечот Јирген Клоп потврди дека Алисон поради повреда на рамото ќе отсуствува од четири до шест недели.
„Нема шанси тој да игра против Евертон. Не сакам да ставам временска рамка за негово враќање, но еве може да биде четири до шест недели, но не знам точно“, вели Клоп.
Ливерпул за прв пат по 1963 година прими седум голови на еден натпревар.
Адриан погреши за првиот гол по кој Астон Вила ја продолжи серијата, голманот е мета на критики.
„Луѓето ќе го критикуваат Адриан. Да, првиот гол беше грешка, но мислам дека не можеше да направи многу за било кој од останатите голови. Не му помогна одбраната вечерва. Тој е навистина добар голман кој минатата сезона бранеше 11 пати за нас и мислам дека ги добивме најголемиот дел од тие натпревари. Против Вила нашиот голман не беше проблемот“, изјави Клоп.
Во следното коло Ливерпул му гостува на Евертон кој има перфектен старт на сезоната со четири победи од четири натпревари.