Алиоски: Тотнем има подобри индивдуалци од нас, но ние имаме тимска игра која нè прави силни

by
0 минути читање

Денеска со почеток од 13:30 часот Лидс му гостува на Тотнем. Тимот на Биелса е во одлична форма и се очекува да му пружи силен отпор на денешниот противник.

„Одиме таму знаејќи кој е Тотнем и дека тие се фаворити. Предизвик ни е против овие големи клубови да ја играме нашата игра и да им покажеме дека можеме да се надигруваме“, вели Алиоски.

„Знаеме колку се силни тие, знаеме дека индивидуално се подобри, но ние сме силни како тим, тимската игра нè прави навистина силни“.

„Таму одиме како тим за да го дадеме најдоброто, па ќе видиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×