Алиоски го доби „Лудакот“ за тренер, Биелса се договори со Лидс

by
1 минути читање

Она што се најавуваше изминатиов период и официјално е потврдено денеска. Езгјан Алиоски го доби „Лудакот“ за тренер, Марсело Биелса ќе го наследи Пол Хекингботом на кормилото на Лидс.

Искусниот стратег од Аргентина стави потпис на две годишен договор со тимот од Еланд Роуд, со опција соработката да биде продолжена за додатни 12 месеци.

„Со задоволство ја прифатив улогата тренер на Лидс“ – вели Биелса. „Отсекогаш сум имал амбиција да работам во Англија, имав неколку можности во досегашниот дел од кариерата, но чекав да ми се понуди правиот проект“.

„Кога клуб како Лидс со голема историјата достави понуда, беше невозможно да кажам не. Возбуден сум за предизвикот кој ме чека и ќе го дадам максимумот за да постигнеме голем успех“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани