Овој месец нашиот
репрезентативец Езгјан Алиоски доби нов тренер на клупата на англискиот
чемпионшиплигаш Лидс, Пол Хекингботом, а сево ова дојде по големата криза на
резултатски план во која падна тимот од Еланд Роуд.
Синоќа Лидс ја имаше
победата во своите раце од дуелот со Дерби каде водеше се до финишот од
средбата кога испушти вредни три бода.
Токму нашиот Алиоски
донесе водство од 1-2 но Лидс не издржа до крајот на средбата, сепак, нашиот
интернационалец доби пофалби од страна на Хекингботом за изданието.
„Тој имаше неколку
дефанзивни задачи, истите беа одлично сработени. За мене тој е прва класа
фудбалер,
се надевам дека изданијата кои сакаме од него да ги
гледаме ќе бидат уште подобри во иднина“ рече тој.