117
Лидс ја забележа
првата победа под водство на новиот тренер Пол Хекингботом, а ова вооедно беше
и прв триумф по оној на Боксинг деј.
Заслуга за првото
славје по два месеци имаат Езгјан Алиоски и Лиам Купер. Македонецот одлично
нафрли од слободен удар а Шкотот со глава ја затресе мрежата на Бренфорд за 1-0
во 31. минута.
Езгјан Алиоски во
второто полувреме бараше пенал откако падна во шеснесетникот по стартот на Јаон
Барбет, но судијата само одмавна.
Со овие три бода,
Лидс се доближи на пет бода до местата кои носат плеј-оф.
Liam Cooper GOAL v Brentford #LUFC pic.twitter.com/jYcEjBURNK
— #WALMOT (@WALM0T33) February 24, 2018