Алегри се врати на Твитер за да напише „Пу*ете го“ и пак го избриша профилот, стратегот на крајот од авантурата во Јувентус?

by
2 минути читање

Се чини дека
Масимо Алегри како никогаш до сега е блиску до заминување од Јувентус. Изминативе
денови низ медиумите од Италија често се пишуваше за неговата иднина.

Поради големите
навреди по поразот од Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите,
стратегот ги исклучи сите акаунти на социјалните мрежи. Се говори дека тој
подоцна сепак се вратил на Твитер за да напише „Пу*ете го“ и пак го избришал
профилот.

Исто така се
шпекулира дека Масимо Алегри сакал да си поднесе оставка пред дуелот со Наполи
во неделата. Поради заканата на стратегот, првиот човек на клубот, Андреа Ањели
ги откажал сите бизнис состаноци за да се сретне со него и да го убеди да
остане.

Масимо Алегри
потврди дека имал состанок со Андреа Ањели и додаде дека одново ќе се сретнат
по реваншот со Атлетико Мадрид за да донесат одлука за иднината.

Па доколку
Јувентус биде елимиран од Лигата на шампионите следната недела, тоа практично
ќе значи и крај на авантурата на Масимо Алегри во Јувентус и покрај тоа што тој
има договор до 2020 со опција истиот да биде продолжен до 2021.

Што понатаму?
Летоска неколку гиганти би можеле да бараат нов тренер, од Манчестер јунајтед,
Реал Мадрид, Челси, Баерн Минхен па се до Интер. Но постои и друга опција,
Масимо Алегри една година да паузира и да ги наполни батериите пред да прифати
нов предизвик бидејќи изминатиов период му бил прилично стресен.

Доколку Масимо
Алегри замине, Зинедин Зидан ќе биде прва опција на „Старата Дама“, Јувентус на
ум има уште неколку имиња а се говори дека Андре Ањели сонува за ангажман на
Пеп Гвардиола, и веќе е остварен информативен контакт со неговиот брат и агент, Пере.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани