Алегри се повлече од социјалните мрежи

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Масимилијано Алегри ги
деактивираше сите свои профили на социјалните мрежи, а овој негов потег наиде
на изненадување, засега, причините не се јасни.

Алегри беше доста
активен на социјалните мрежи, особено на Твитер и Инстаграм каде често ги коментираше
изданијата на Старата дама по нивните натпревари.

Како и да е, од
денеска, од непознати причини, неговите профили не се достапни, а ова доаѓа во
пресрет на дербито со Наполи во Серија А кое се игра во сабота, па сигурно
Италијанецот на пресот во пресрет на дербито ќе биде запрашан и на оваа тема.

Се шпекулира дека големите критики кои пристигнаа на негова адреса по поразот од 2-0 кај Атлетико Мадрид во првата пресметка со таа екипа во осминафиналето од Лигата на шампионите, е можната причина за ваквиот потег на Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани