94
Дефанзивецот влезе во конфликт со тренерот на дуелот со Палермо во петокот, двајцата си разменија
навреди откако настана недоразбирање при една замена.
Ова беше последен
од серијата инциденти, па управата на Јувентус реши да испрати порака до
другите играчи и одлучи парично да го казни Леонардо Бонучи.
Но приказната не
завршува тука, медиумите од Италија пренесуваат дека репрезентативецот на „Аѕурите“ ќе биде отстранет
од тимот за дуелот со Порто во Лигата на Шампионите.
Леонардо Бонучи
отпатува за Португалија, но Италијанецот средбата на Драгао ќе ја проследи од трибините.
Се очекува ова
вечерва официјално да го потврди Масимо Алегри на средбата со новинарите.