Макс Алегри откри
каква ќе биде неговата иднина, стратегот следната сезона ќе биде без работа, ќе
се обиде да го врати приватниот живот во нормала и да ги наполни батериите пред
да прифати нов предизвик.
„Ќе земам една
година одмор за да ги наполнам батериите и да го вратам приватниот живот во
нормала. 16 години бев дел од машинерија која не запира, па малку се одалечив
од децата, семејството и пријателите. Сега ќе им се посветам малку повеќе и ќе
ги наполнам батериите за следниот предизвик“ – вели Макс Алегри.
Тој пет години беше на кормилото на Јувентус и донесе исто толку Скудета, но потфрли во настапите во Лигата на шампионите, особено оваа сезона кога беа елиминирани од Ајакс. И покрај тоа што имаше уште една година од договорот, Макс Алегри и „Старата дама“ се разделија по крајот на сезоната бидејќи немаа иста визија за иднината.