Доцна синоќа, голем број на извори од Италија најавија дека Макс Алегри ќе замине од Јувентус по крајот на сезоната и покрај тоа што има уште една година од договорот. Сепак, денеска тонот е поинаков и се вели дека конечна одлука ќе падне откако тренерот ќе има средба лице во лице со првиот човек на клубот, Андреа Ањели.
Скај Спорт Италија сега пренесе дека стратегот ќе постави неколку услови. За да остане, тој бара нов договор со трајност до јуни 2022 и покачување на платата.
Тој исто така ќе бара поголема моќ при носењето на одлуките за настап на трансфер пазарот, како и големи инвестиции во ниви имиња, одбраната и средниот ред се приоритет за засилување на тимот.
Макс Алегри ќе бара и продажба на неколку играчи и се верува дека прв на листата е Пауло Дибала, кој не се вклопува во ниту еден од неговите системи.