79
Утринава, „Тутоспорт“ излезе со вест дека Масимо Алегри и Лучијано Спалети се согласни за размена на Мауро Икарди и Гонзало Игуаин.
Оваа шпекулација е присутна веќе некое време, Јувентус треба да му го даде Игуаин на Интер и да доплати за во спротивен правец да го земе Икарди.
Игуаин вчера изјави дека е среќен во Торино но не ја исклучи можноста да го напушти клубот. А веројатно ниту Икарди не би имал против да игра за шампионот на Италија.
И покрај се, се уште изгледа малку возможно да се реализира една ваква голема трампа помеѓу двата ривалски клуба. Останува да следиме како ќе се развива ситуацијата.