Алчниот Рајола го кочи трансферот на Де Лихт во Барселона

by
1 минути читање

Матијс Де Лихт е подготвен да натпревари трансфер во Барселона ова лето, Каталонците за неговиот ангажман на Ајакс треба да му платат 60 милиони фунти.

Но потпишувањето на договорот се одолговлекува поради нереалните барања на агентот на Де Лихт, Мино Рајола кој е познат по своите големи заработки.

Според „Марка“, Рајола бара 20 проценти од обесштетувањето, тоа е 12 милиони фунти. Агентите вообичаено добиваат меѓу пет и десет проценти од сумата, но засега Италијанецот не сака да слушне за помалку од 20%.

Рајола се надева дека во меѓувреме ќе дојде друг клуб со поголема понуда и тој ќе може да си ја добие сумата која ја сака.

Од друга страна пак на Ајакс не му се чека многу, сака побрзо да ги добие парите за да почне да крои тим за следната сезона.

„Мислам дека ова се последните натпревари на Де Лихт за Ајакс. Мислам дека ќе оди во Англија или Шпанија“, вели извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

Заинтересиран за Де Лихт е и Манчестер јунајтед, а Ван дер Сар бранеше на Олд Трафорд па Англичаните играат на таа карта, но се чини дека дефанзивецот е многу поблиску до Барселона и покрај големите барања на Рајола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани