Бекот на Барселона, Жорди Алба јавно го критикуваше спортскиот директор на клубот, Ерик Абидал поради неговата изјава во која наведе дека некои фудбалери не се залагале доволно под кормилото на Ернесто Валверде.
Таа изјава го натера Лионел Меси јавно да го прозва Абидал и да побара од него да посочи имиња, бидејќи со таква изјава го „оцрнува“ целиот тим, а сега коментар на овие збиднувања во Барселона има и Алба.
Тивка војна помеѓу Меси и Тер Штеген, двоецот се „судрил“ за време на тренинг?
„Клубот доби многу сра*а кои беа фрлени однадвор, ние не треба да си фрламе сра*а кон нас самите“ рече Алба.
„Абидал беше фудбалер, ценет и почитуван од навивачите, а тој многу добро знае како е да се биде во соблекувалната, а воедно како се чувствуваат фудбалерите“ додаде тој во својата изјава.