Алајбеговиќ втор пат ова лето промовиран како засилување, Јувентус ги откри бројките од трансферот

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ попладнево го потврди трансферот на младиот Карим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен во зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Карим Алајбеговиќ втор пат ова лето е промовиран како засилување, тинејџерот од Босна денеска беше презентиран како нов играч на Јувентус.

Во јуни месец, Баерн Леверкузен се пофали дека го враќа офанзивниот играч по една сезона во РБ Салцбург, но откако добија понуда која не се одбива, популарните „фармацевти“ ги продадоа по брза постапка.

Од таборот на „старата дама“ брифираа дека се работи за зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Карим Алајбеговиќ ставил потпис на петгодишен договор, и се обврзал кон Јувентус до јуни 2031 година.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×