82
Давид Алаба е едно од неколкуте звучни имиња кои летоска ќе бидат слободни играчи. Австриецот пред неколку недели официјално потврди дека го напушта Баерн Минхен и додаде дака наскоро ќе ја донесе одлуката за следната дестинација.
Се верува деак Реал Мадрид е главен фаворит, но другите клубови не губат надеж, а еден од нив е ПСЖ.
Според пишувањата на Ле Паризен, Давид Алаба им поставил еден услов. Фудбалерот од Австрија бара гаранции дека ќе игра во средниот ред.
Тој кариерата ја почна како лев бек, потоа беше прекомандуван во централниот дел на дефанзивата а по потреба игра и во средниот ред.