40
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е презадоволен од работата на Луис Енрике, тоа никогаш не го криел, а сега даде објаснување зошто Шпанецот е посебен.
Со Луис Енрике ПСЖ го оствари сонот да триумфира во Лигата на шампионите, а и оваа сезона игра полуфинале.
„Тој е еден од најпозитивните луѓе кои сум ги сретнал. Може да биде тажен, но секогаш е извор на мотивација. Тоа е начинот на кој ги гледа работите. Во фудблот губите мечеви, губите турнири, но учите да напредувате секој ден и во секој сегмент. Тој ја дели таа филозофија“, вели Ал-Келаифи.
„За нас, играње во три полуфиналиња во Лигата на шампионите по ред, значи дека сме на врвот на нашата игра. Тоа е многу позитивно“.