773
Мечот во регуларниот дел заврши без голови. Во првото полувреме повеќе напаѓаше Палмеирас, но најсериозната шанса ја имаше Ал Ахли.
Вториот дел помина во подосаден меч. Немаше голови ни во тие 45 минути, па мечот го решаваа пеналите.
Дури тројца фудбалери на Палмеирас промашија пенал, а последниот не го реализираше капитенот, Фелипе Мело. Ал Ахли не погоди два пенали, но трите дадени беа доволни за славје.