Ако Шчесни се реши за пензија, Барселона ќе тргне по контроверзниот Дибу Мартинез

by bojan
1 минути читање

Барселона го пикирала Елимијано Мартинез од Астон Вила како засилување за голманската позиција во случај Војчех Шчесни да одлучи да се врати во пензија.

Војчех Шчесни на маса иам нова соработка со Барселона, но голманот треба да се консултира со својата сопруга дали да продолжи да го носи дресот на „каталонците“ или да се врати во пензија.

Па клубот од Камп Ноу сака да биде подготвен доколку се реализира второто сценарио и го пикирал Емилијано Мартинез од Астон Вила како засилување за голманската позиција.

Контроверзниот Аргентинец во петокот со солзи во очите ја поздрави публиката на Астон Вила и многумина ова го толкуваа како сигнал дека тој ќе ја промени средината по крајот на сезоната.

Барселона не е единствениот клуб кој пројавува интерес за неговите услуги, се шпекулира дека и Манчестер јунајтед во својот бележник го има Емилијано Мартинез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани