Ако го посакува Ериксен, Реал Мадрид ќе треба да издвои луда сума

by
1 минути читање

Тотенхем го
проценил еден од своите најдобри фудбалери во својот состав, плејмејкерот
Кристиан Ериксен на 250 милиони евра, пишува Марка, а истиот медиум додава дека
за оваа луда сума е запознаен заинтересираниот Реал Мадрид.

Според
информациите, се вели дека високи челници на шпанскиот гигант во Данецот
гледаат идеална замена на подолг рок за Лука Модриќ, кого го доведоа од токму
од редовите на Премиерлигашот.

Хрватот веќе има
33 години и претходно беше поврзуван со трансфер во Интер, а Ериксен со своите
26 години е интересна опција за Реал Мадрид.

Ериксен е под
важечки договор со Тотенхем до 2020. година, веќе влегува во последните 18
месеци од тој договор, а пред извесен период Маурисио Покетино, шефот на
стручниот штаб на Премиерлигашот наведе дека клубот дава максимум за да го
задржи Ериксен во своите редови, односно, тој да потпише нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани