Ако го оствари планот Барселона ќе има страшен напад

by
1 минути читање

Многумина мислат дека ако Барселона го ангажира Нејмар ќе се откаже од Гризман и обратно. Но каталонскиот „Спорт“ тврди дека Хосеп Марија Батомеу посакува да ги донесе и двајцата ова лето.

Барселона повторно сака да ја освои Лигата на шампионите и раководството е подготвено да го освежи нападот.

Местото на Меси е зацементирано, но веројатно Суарез ќе настрада, ако ги донесат Гризман и Нејмар веројатно тие ќе стартуваат заедно со Аргентинецот.

Барселона и Гризман веќе се договорени, планот е да помине 1 јули и трансферот да биде комплетиран. Сегашната откупна клаузула за Французинот е 200 милиони евра, но од следниот месец таа ќе падне на 120 па само тоа се чека за зделката да се реализира.

Барса сака да го врати и Нејмар кој има голема желба да си замине од ПСЖ. Бразилецот ќе треба да жртвува дел од платата, ќе игра за помали примања отколку што добива во Франција.

Валверде верува дека може да го контролира егото во соблекувалната кое дополнително ќе се зголеми со ангажманот на Гризман и Нејмар и дека ќе ја најде формулата да го извади најдоброто од новото напаѓачко трио.

Мисијата ќе биде тешка, а за да биде возможна Барселона треба и да продаде дел од играчите. Како дел од понудата за Нејмар ќе биде и Кутињо, а од клубот за солидна сума може да си одат и Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани