Аке му создаде главоболка на Покетино, Тотнем во проблеми по поразот кај Борнмут (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Борнмут дојде до
минимална победа над Тотнем со 1-0, а гостите најпрво во 43. минута добија еден
црвен картон, оној на Сон, за веќе по три минути игра во второто полувреме Фојт
да биде и вториот играч на таа екипа кој предвреме си замина во соблекувалната.

Домаќинот нападна
со сите сили за да ја искористи бројчаната предност на меч кој немаше
резултатско значење за нив, но, огромно за гостинот, па отпорот на тимот од
Лондон беше скршен дури во 90. минута откако Аке погоди по нафрлената топка од
страна на Фрејзер по корнер.

Со овој пораз
Тотнем е во големи проблеми, иако до пред некое коло изгледаше речиси сигурно
дека ќе бидат на третото место на табелата, работите целосно се променија,
имаат само четири бода повеќе од петто пласираниот Арсенал, односно пет во
однос на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани