Серхио Агуеро
признава дека не е сигурен во однос на прашањето околу неговата иднина, со тоа
што на лето доколку не се промени ништо околу неговиот статус би бил слободен
играч на трансфер пазарот.
Манчестер Сити
дефинитивно има проблем на таа позиција ако се земе во предвид дека Габриел
Жесус засега не успева да ја искористи минутажата која ја добива, а запрашан за
својата иднина, Агуеро признава дека засега нема идеја што понатаму.
„Мојот договор завршува
на крајот од актуелната сезона, а потоа навистина не знам што ќе се случи“ вели
напаѓачот.
„Првото што го
посакувам во моментов е да играм, а на крајот од сезоната ќе видиме што ќе се
случи“ додава тој.
Агуеро во десетте
досегашни години во дресот на Манчестер Сити на 268 настапи за овој клуб успеа
да постигне неверојатен учинок од 180 погодоци.
Од трансферот во
Атлетико Мадрид во 2011 година за 35 милиони фунти, Агуери освои четири титули
во Премиерлигата, една во ФА купот, како и четири во Лига купот.