„Билд“ пред
извесен период навести дека преговорите помеѓу Милан и Ралф Рагник се во доста
напредна фаза, па интересен беше потегот на „Росонерите“, според кој тој треба
да биде нов шеф на стручниот штаб, а освен тоа, дури и да биде скаут и спортски
директор.
Сево ова донесе
одредени турбуленции во Милан, кои почнаа по Звонимир Бобан кој јавно наведе
дека извршниот директор на клубот, Иван Газидис работел зад грб по негова, а
воедно и штета на Паоло Малдини, и сето тоа поради преговори со Рангник,
исовремено Бобан се колнеше и дека договор е веќе постигнат.
Многу дилеми
отвори ова прашање, а многумина застанаа на страната на Бобан и Малдини,
наведувајќи дека Газидис не требало да се меша на таков начин во нивната
работа, поради тоа што неговата функција во клубот е од сосема поинаков
карактер.
Како и да е, Марк
Косицке, агентот на Рангник негира дека постои било каков договор на неговиот
клиент со Милан, тврдејќи дека Рангник нема никакви планови со италијанскиот
прволигаш.
„Газидис и
Рангник се познаваат со години, а често и дискутираат на одредени теми,
разговараат“ вели Косицке во изјавата за германски „Билд“.
„Но, не постојат
никакви планови тие да соработуваат во еден ист клуб, постојат други приоритети
во моментов“ додава тој во изјавата.
Се чини дека
барем со оваа изјава на агентот, во моментов спласнуваат сите шпекулации околу
најавите Рангник да извршува улога во Милан, која досега е невидена во
модерниот фудбал, па во меѓувреме тој ќе остане во Салцбург, клуб каде е директор, а со кој бележи
големи успеси.