Агентот на Бејл: Прашајте го Мурињо зошто тој не игра

by
1 минути читање

Герет Бејл не е
во преден план кај Жозе Мурињо во Тотнем, по враќањето во тој клуб од Реал
Мадрид на позајмица, па останува дилемата околу тоа дали 31 годишниот Велшанец
ќе остане и по крајот на позајмицата во Лондон.

Запрашан зошто
неговиот клиент не игра регуларно во Тотнем, Барнет во изјавата одби да даде
одговор, а медиумите ги „препрати“ тоа прашање да му го постават на Жозе
Мурињо.

Тој е кон крајот
на својата кариера, навистина, за ова треба да го прашате Мурињо
“ одговори
Барнет, кој потоа застана во одбрана на својот клиент, потсетувајќи на неговиот
успех во кариерата.

Кога ќе прашаат Што се случи со него?, тој освои повеќе трофеи вон својата
земја отколку било кој друг британски фудбалер во историјата
“ додаде агентот.

Од финансиска
гледна точка неговата кариера мина низ одлично ниво, има доволно финансиски
средства за до крајот на својот живот, има убав стил на живот, тоа му се случи

заклучи Барнет.

Велшанецот инаку
освои две титули во Примера со Реал Мадрид, како и четири во Лигата на
шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×