346
Нејмар многу пати се поврзувал со Реал Мадрид, но бразилската ѕвезда никогаш не го облече белиот дрес, барем не досега.
Рибеиро за „Фокс Спортс“ открива дека неколку пати разговарал со Флорентино Перез за трансфер на Нејмар во Реал Мадрид.
„Бев во Мадрид неколку пати бидејќи целта на Флорентино Перез беше да го ангажира Нејмар. Минатата година во мај, бев во неговата канцеларија. Тој ми рече дека сонува да потпише со Нејмар“, вели агентот Вагнер Рибеиро.
„Мислам дека Нејмар ќе остане во ПСЖ бидејќи пазарот сега е поинаков. Економскиот свет во фудбалот ќе биде променет по паузата поради коронавирусот“.