„Шпигел“ пред
година ипол објави дека Кристијано Роналдо во 2009 година силувал девојка и
потоа и платил 375.000 долари за да молчи. Магазинот ваквата сторија ја
базираше на документи добиени од „Фудбал ликс“. Минатиот месец 34
годишната Катрин Мајорга за прв пат проговори за случувањаа и поднесе тужба, а полицијата од Лас Вегас повторно ја отвори истрагата.
Кристијано
Роналдо не ги коментира обвинувањата и само кратко порача дека совеста му е
чиста па затоа смирено го чека исходот од истрагата. Денеска со
соопштение до медиумите се огласи и неговиот адвокат Питер Кристијансен, кој истакна дека документите кои биле објавени од страна на медиумите се измените
или комплетно фабрикувани.
„Ангажиран сум од
страна на Кристијано Роналдо да го застапувам на неодамнешната тужба за настани
кои наводно се случиле во 2009, за кои потоа е потпишан договор на взаемна
согланост помеѓу страните во 2010“ – се вели во соопштението.
„Со оглед на тоа
дека другата страна го прекрши договорт и провокативните обвинувања кои беа
испратени, господинот Роналдо смета дка повеќе не може да молчи, а и според
договорот има право на соодветен одговор“.
„Да бидам јасен,
Кристијано Роналдо силно ги негира обвинувањата, исто како што тоа го правеше
изминативе години“.
„Документите на
кои наводно има изјави од господинот Роналдо и беа пренесени од страна на
медиумите се измислени“.
„До 2015 година,
голем број на фимри ширум Европа беа нападнати и нивните електронски податоци
беа украдени од страна на кибер криминалци. Хакерите се обидоа да ги продадат
овие информации, и одреден медиум неодговорно објави дел од украдените
документи. Дел од овие документи се промените или комплетно фабрикувани. Уште
еднаш, за да се отфрли каква било сомнеж, позицијата на Кристијано Роналдо
секогаш била јасна и продолжува да биде јасна, она што се случиле во 2009 во Лас
Вегас било на доброволна основа“.
„Кристијано
Роналдо не негира дека е потпишан договор, но причините поради кои го
сторил тоа сега се изобличуваат“.
„Договорот во
никој случај не е признание на вина. Едноставно Кристијано Роналдо ги следел
советите на луѓето околу него со цел да стави крај на скандалозни обвинувања и да спречи обид, каков што е и овој сега, за уништување на неговата репутација
изградена со напорна рабоа, атлетски способности и коректно однесување“.
„Иако Кристијано
Роналдо е навикнат да биде во центарот на медиумското внимание, со оглед на тоа
дека е позната личност, неприфатливо е медиумите да продолжуваат со пропаганда
и да стимулираат намерана и штетна кампања на основа на украдени дигитални документи
со кои лесно може да се манипулира“.
„Кристијано
Роналдо им даде мандат на неговите адвокати во САД и Европа да се погрижат за
сите правни случаи и е убеден дека на крајот вистината ќе излезе на виделина“.