Адвокатот на Кавани за Сари: Тој е предавник!

by
1 минути читање

Адвокатот на
напаѓачот Единсон Кавани го обвини Маурицио Сари нарекувајќи го предавник по
најавите дека искусниот италијански фудбалски стратег би можел да седне на
клупата на Јувентус, најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб Наполи.

Поранешниот тренер
на Наполи наводно веќе се договорил со Бјанконерите а договорот се очекува да
биде реализиран и официјално во наредните неколку денови, а неговиот агент
периодов преговара за неговата разделба со Челси во Лондон.

Во интервју за „Радио
ЦРЦ“, Џенаро Фамиљети, адвокатот на Кавани, поранешниот напаѓач на Наполи, даде
свој коментар за најавите дека Сари ќе седне на клупата на Старата дама.

Од мое гледиште,
Сари е предавник. Мразам да го кажам тоа, но едноставно не може да ми се
допадне такво нешто кон навивачите на Наполи, ги разбирам професионалните
стандарди, меѓутоа тој секогаш ја истакнувал својата љубов кон Наполи,
решително се бореше против силата на Јувентус и потоа ќе оди таму?
“ рече тој и
притоа се надоврза и на шпекулациите кои одреден период го поврзуваа Кавани со
Јувентус.

Кавани никогаш
немал конкретни понуди од Јувентус, постоеа само озборувања, не знам дали би
прифатил такво нешто
“ заклучи Фамиљети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани