490
Полуларниот
„Император“ важеше за голема фудбалска надеж но никогаш не го достигна својот
потенцијал поради лудите забави, алкохолот и бурниот ноќен живот.
Бразилецот речиси
пет години нема активно играно фудбал освен неколку кратки авантури во Фламенго,
Атлетико Паранаенсе и Мајами.
Сепак, Адриано не
заборавил добро да се забавува, поранешниот играч на Интер на 17. февруари наполни
35 години, и по овој повод организирал добра прослава.
Откако изминатиов
викенд најпрво се дружел со семејството и пријателите, завршната журка била
организирана во дискотека во Бара да Тижука.
Биле поканети 400
гости а Адриано потрошил околу 300.000 бразилски реали или околу 91.800 евра.