Адеми распали по самиот себе: Играв како пи*кица!

by
1 минути читање

Динамо Загреб е на добар
пат сезонава да ја освои титулата во најсилниот хрватски фудбалски шампионат
откако лани од тронот беше симнат од Ријека.

Токму Ријека вчера
славеше во дуелот против својот ривал со 4-1, убедлив триумф кој го налути
капитенот на гостите, нашиот репрезентативец Аријан Адеми, а тој беше брутално
искрен во критиките кон самиот себе по дербито.

Катастрофа, изгубивме
4-1, ужасно, без зборови сум. Добро го отворивме мечот, се
беше како што треба а потоа ни се случи катастрофа. Како
капитен на овој тим, ја преземам одговорноста, бев катастрофа. Бев лош, виновен
сум, одиграв како пи*кица
“ рече Адеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани