Адеми прифаќа пониска понуда само за да не се сели?

by 24 фудбал
1 минути читање

Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб, но останува во хрватската престолнина – македонскиот репрезентативец е на чекор до трансфер во Локомотива.

Како дел од најавениот ремонт во Динамо, 32-годишниот Адеми нема да биде дел од плановите за следната сезона, но и покрај интересот од Марибор, не планира да го напушти Загреб. Словенечкиот гигант испрати солидна понуда, но по неколку дена размислување, Адеми ја одби и реши да ја прифати далеку поскромната опција од Локомотива.

Причината? Желбата да остане да живее во Загреб. Поради тоа токму Локомотива доби предност во преговорите, иако финансиски не можеше да се мери со Марибор.

Според хрватските медиуми, преговорите се веќе при крај и се очекува Адеми по раскинот со Динамо да го засили градскиот ривал во следните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани