81
Адеми е еден од најдобрите фудбалери во хрватското првенство, конкуренцијата во репрезентацијата на Хрватска е огромна, но и покрај тоа македонскиот играч беше прашан дали не му е жал што ја одбрал Македонија бидејќи сеа ќе можел да се бори за место во селекција која ќе игра на СП.
„Во оној момент кога прифатив да играм за Македонија, бев свесен дека никогаш повеќе нема да имам можност да играм за Хрватска. Така и си ги подредив работите во глава, па не се оптоварувам со прашањата ‘што би било кога би било’. Во Хрватската репрезентација има многу мои пријатели и јас ѝ посакувам победа на секој натпревар, освен против Македонија“, одговори Адеми.