Абидал со интимна фотографија од болничкиот кревет покажа кој е донатор на црниот дроб (ФОТО)

by
1 минути читање

Вчера се генерираше голема контроверзија откако шпанските медиуми пренесоа дека Барселона на нелегален начин од црниот пазар го купилa црниот дроб на Ерик Абидал и „Каталонците“ ја измилиле приказната дека донатор е братучедот на играчот.

„Ел Конфиденсиал“ објави четири разговор помеѓу тогашниот претседател Сандро Росељ и непозната личност на која се говори токму за ова, но барселона и Ерик Абидал вчера веднаш ги демантираа сериозните обвинувања. 

Французинот сега се обиде да ги разреши сите дилеми со интимна фотографија од болничкиот кревет заедно со неговиот братучед Жерар за време на процедурата.

„Со објавување на оваа слика сакам да побарам почит за мојот братучед Жерар и да ја одбранам неговата чест“ – гласеше пораката. „Јавно го осудувам однесувањето на некои медиуми кои продолжуваат да се сомневаат во легалноста на интервенцијата која ми го спаси животот. Што е многу, многу е! Барам почит за сите ние кои сме го поминале ова, и оние кои преживуваат слична ситуација“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани